На ден 18. 03. 2021год. ученици од 4, 5 и 9 одд. и нивните наставници присуствуваа на виртуелна обиколка на Собранието на Република Северна Македонија во организација на Парламентарниот институт. Учениците имаа можност да се запознаат со внатрешниот изглед на собраниската зграда, со законодавниот процес, со постапката на донесување закони. Настанот беше реализиран интерактивно, учениците покажаа интерес, имаа можност да постават прашања, да одговорат на прашања со цел да научат за историјата, организацијата и функционирањето на законодавниот дом. Изразуваме благодарност до Парламентарниот институт и водичот Томе Гушев кој во услови на пандемија со помош на електронски алатки обезбеди јавност и транспарентност на законодавниот дом.