На 25. 02. 2021год. се одржа онлајн средба меѓу училиштата учесници во проектот на тема : La mode et nous (Модата и ние)

Учениците и нивните наставници од земјите учеснички: РСМакедонија, Полска, Романија и Шпанија меѓусебно се запознаа и реализираа активности со цел негување на францускиот јазик и запознавање со особеностите на културата на земјите учеснички. Под менторство на наставничката по француски јазик, Елена Шаренкова, 9 ученици од нашето училиште активно се вклучени во проектот.