Новогодишните празници се причина за радост. Без разлика на националната припадност, начинот на славење и честитање се одвива на сличен начин. Денес, група ученици од 5 одд. со нивните другарчиња од Нов Дојран кои следат настава на турски јазик, реализираа МИО активност, заедничка онлајн средба директно вклучени на Microsoft Teams. Изработуваа честитки, си честитаа празници на двата јазика, презентираа како се слават празниците, обичаи за време на новогодишните празници, учеа едни за други, притоа будно следени од нивните наставници Елизабета, Танжу и Мара. Прекрасно дружење преку кое придонесуваме за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничка интеграција и толеранција. Нека се среќни празниците! YENI YILINIZ MUTLU OLSUN!