ImageОпштинско основно училиште "Ристо Шуклев" Негорци

 

Image

Постигања на учениците во учебната 2017/18 година

Oпштински натпревар по математика

Успешно претставување и многу освоени награди на нашите ученици на Општинскиот натпревар по математика кој се одржа во ООУ „Крсте Мисирков“, Гевгелија. Учениците: Нела Николова освои 2 награда, Ѓеорге Демерџиев-3 награда, Трајче Митров-3 награда, Симона Митрова-3 награда, Памела Петровска, Ангелчо Тановски, Живко Узунов, Дејана Василева-пофалени, Сандра Шапкарова, Јована Митева солиден резултат. Честитки за учениците и за менторите: Сузана Петрова, Вера Прошевска и Елена Крстевска.

Oпштински натпревар по географија

На општинскиот наптревар по географија кој се одржа во ООУ"Владо Кантарџиев" учениците од нашето училиште освоија прво место.
Честитки за ученичките: Христина Марковска, Ангела Илкова, Пепита Тодорова и менторот Венци Попов!

Image

Месец на книгата

На завршната манифестација по повод Месецот на книгата во организација на ЈОУ „Гоце Делчев“ учествуваа ученици од нашето училиште.

Image

Интернационален натпревар по информатика

На интернационалниот натпревар "Дабар" зедоа учество голем број на ученици од нашето училиште и добија сертификати.

Постигања на учениците на крајот на учебната 2016/17 година

Оваа учебна година учениците земаа учество на следниве натпревари и конкурси и ги постигнаа следниве резултати:
По повод месецот на книгата, во организација на ЈОУ Матична библиотека „Гоце Делчев“ беше организиран општинскиот натпревар по библиотекарство каде ученичките од IX одд. Наташа Василева освои I, а Софија Маркова III место.

По повод 7ми Ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија, беше организиран училишен есенски кроз на кој учествуваа 38 ученици.

На регионалниот натпревар по противпожарно воспитување учествуваа ученичките од IX одд. освоија III место.

На натпреварите по природни науки од учениците од IV одд,  најдобри резултати постигнаа Димитар Боболков кој освои II на општински а на регионален III награда, Надица Крстевска беше пофалена на општински и регионален натпревар. Од V одд. Живко Узунов освои   III награда на општински, Дејана Василева  пофалена на општински, а Тодор Марков беше пофален и учествуваше на регионален натпревар.            

На натпреварите по биологија најдобри резултати постигнаа од VI одд. Јована Митева која освои III награда на општински, II награда на регионален и беше пофалена на државен натпревар, Сандра Шапкарова беше пофалена на општински и регионален, а Ивана Стамкова беше пофалена на општински и учествуваше на регионален натпревар. Од VII одд. најдобри резулатати постигна Памела Петревска која освои II награда на општински, регионален и државен натпревар.

На општински натпревар по математика Димитар Боболков од IV одд. освои III. награда исто како и Живко Узунов од V одд. И двајцата на регионалниот натпревар беа пофалени. Нела Николова и Георге Демерџиев од VIII одд. на општинскиот натпревар освоија II и III награда а потоа учествуваа на регионален натпревар. Софија Маркова од IX одд. освои I место на општински и беше пофалена на регионален натпревар.

На натпреварите по хемија, Нела Николова од VIII одд. на општински освои II награда, и беше пофалена на регионален и државен натпревар, а Софија Маркова од  IX одд. освои I награда на општински и регионален натпревар и беше пофалена на државен натпревар.

Живко Узунов од V одд. освои II награда на општински и регионален натпревар по англиски јазик.

На општински натпревар „Детски семафор“ екипата во кој учествуваа Валентина Ангелова, Марија Маркова и Костадин Ташков од V одд. Бојан Баламовски  VI одд, Христина Каламска од VIIа и Александар Јанев од VIII одд, освои III место, а Бојан Баламовски освои I место поединечно, на регионалниот натпревар освои II а на државен натпревар IV место.

На регионален натпревар по географија, Драган Стојанов  од VIII одд. освои IIIместо.

На интернационален конкурс за фотографија „Освен тоа јас зборувам француски јазик“ учествуваа учениците Андреј Спасески од VI одд, Велика Бучкова,  Марија Лазарева и  Слободанка Таневска од VIIа, Мирјана Пешова  од VIIб и Филип Купанов од IX одд. за што добија сертификати.

На општинска изложба на цртежи по повод денови на франкофонија „Јас и францускиот јазик“, учествуваа и беа пофалени учениците Кристина Делева  и Христина Каламска од VIIа одд, Памела Петревска  од VIIб, Росица Николова и Сара Китаноска од VIII одд, Моника  Маркова, Мими Колева и Маја Ѓоргиева од IX одд.   

На регионалните хорски и оркестарски смотри, училишниот хор освои III, а оркестарот I место. За постигнатиот успех им беа доделени пофалници и дипломи.

На крајот на учебната година, на 65 ученици на свечен начин им беа доделени пофалници, дипломи, сертификати, потврди и книги за награда за постигнатите резултати на ученичките натпревари,  активно учество во наставата и воннаставните активности и континуиран одличен успех.