ImageОпштинско основно училиште "Ристо Шуклев" Негорци

 

Image

Просторни услови за работа на училиштето

Во Негорци училишната зграда е изградена од 1972/73г. со корисна површина од околу 2600 м2 или по 14 м2 по ученик. Има подрум, приземје и еден кат на кои се распоредени 13 училници, 3 помошни простории, библиотека, фискултурна сала, а во училишниот двор има две спортски игралишта. Има уреден двор со тревни и цветни површини.

Внатрешниот изглед на училиштето го красат таблоа, пехари од постигања на ученички натпревари, ликовни композиции на ѕид, ученички ликовни творби и други рачни изработки, ѕидни весници со литературни творби, етнолошко катче како и катче за прием и разговор со родители. Во училишниот двор се одржуваат тревните и цветните површини кои го разубавуваат надворешниот изглед на училиштето.




Училишната зграда во Прдејци е изградена во 1958г. Има две училници, наставничка канцеларија и 3 помошни простории. Вкупната површина изнесува околу 400 м2 а просечната корисна површина е околу 24 м2 по ученик. Во училишниот двор има ракометно игралиште, летна сцена и уреден парк. Во подрачното училиште во Прдејци претходните години целосно беа подобрени просторните услови за работа.




Во 2015 година беше извршена реконструкција на подрачното училиште во Кованец, имено беа приспособени училница, просторија за исхрана, канцеларија за наставник, кујна и тоалети. Беше обновена фасадaта, уреден е училишниот двор со пристапна патека, цветни површини и простор за спортски активности.

Во трите училишта има солидни просторни услови за работа.

Структура на училиштето

Структурата на училиштето ја сочинуваат училишниот одбор, советот на родители, наставничкиот совет, стручните активи, одделенските совети и ученичката заедница.

Детали

Image

Наставен кадар

Во училиштето има вкупно 27 вработени, од кои 20 наставници и 7 раководни, стручни и технички лица.

Детали

Image

Ученици

Учениците се стекнуваат со писменост, знаења и вештини од сите области што претставува основа за понатамошно образование. Наставата се изведува на македонски јазик, во една смена.

 

Детали